Почекајте да се стемни, пуштете глас, отворете на цел екран и уживајте во оваа куса доза адреналин. Но, да не речете дека не сте биле предупредени, филмот „Изгасени светла“ може да ве натера вие вечерва да спиете со запалени. :)
Краткиот филм „I Forgot My Phone“ иронично ја прикажува болната вистина за нашата врска со технологијата, заради која често пропуштаме да ги доживееме врските со другите луѓе и едноставно да учествуваме во убавите моменти од кои сме дел.
Шестминутна комедија која се врти околу еден повлечен и срамежлив маж кој се наоѓа пред голем предизвик кога сака да ѝ пријде на девојката која му се допаѓа...
Краткиот филм „The long distance relationship“ раскажува приказна за двајца млади луѓе кои се нафатиле на овој чекор. Ова сепак, не е типична приказна за врска на далечина...
„When I Grow Up“ е одличен анимиран филм направен од страна на Колин Хестерли. Во филмчето тој ги прикажува соништата на едно младо момче за иднината, а преку него пренесува една силна порака.