Психолозите се согласуваат дека пораките од соновите не треба да се игнорираат бидејќи токму од нив можете да прочитате важни информации за вашата здравствена состојба.
Се смета дека кошмарите се појавуваат бидејќи имаат некоја цел за процесирање на стресот. Но, ако тие се појавуваат почесто од 2 пати месечно, тоа не е добро.
Едно неодамнешно истражување открило дека луѓето кои имаат кошмари се покреативни и имаат побогата фантазија додека се будни за разлика од оние кои спијат мирно.
Стручњаците сметаат дека кошмарите се начин на кој вашата потсвест го привлекува вниманието во врска со ситуацијата која ја избегнувате, но која очигледно ви предизвикува проблеми.