Оптимистичкиот карактер на ракот додава една многу позитивна светлина врз секојдневието на близнакот, додека воспитувачкиот инстинкт на близнакот создава удобност во светот на ракот.
Овие двајца пријатели знаат навистина добро да се забавуваат и честопати се многу гласни. Бидејќи се многу слични по карактер, тие обожаваат заедно да си озборуваат со часови.
Ракот е секогаш расположен да му го подготви на бикот омилениот оброк, а со никого не е позабавно да се готви отколку со бикот, кој ужива во секое залче домашна храна.
Биковите секогаш се водат по поуката дека секој зачуван денар е заработен денар, додека неговиот другар близнакот има проблем да ги чува парите во својот џеб. Дали има надеж за ова пријателство?
Во ваквото пријателство, бикот нема потреба да се грижи дека неговиот другар ќе го откачи во моментите кога ќе биде болен, депресивен или нерасположен.
Девицата нема да му ги кажува на овенот оние нешта кои тој сака да ги слушне. Токму напротив, таа ќе му направи искрена анализа на предностите и слабостите на неговиот карактер.
Овенот само треба да внимава да не се однесува грубо со лавот. Тој треба да запамети дека лавот сака себеси да се доживува како крал и сака да биде третиран како таков.
Овенот треба да го охрабрува ракот во реализацијата на неговите идеи, бидејќи тој е исто толку моќен лидер колку и овенот. Ракот пак, може да му помогне на овенот подобро да си ги организира финансиските трошоци.
Без разлика дали авантуристичкиот овен е желен за скокање со банџи, качување по карпи или сурфање на бранови, близнакот секогаш ќе биде расположен да му прави друштво.