„Shovava“ е уникатна колекција за жени која во превод значи женствено и разиграно и вклучува модели кои се со неверојатно детална изработка на природата.
Овие фустани од високата мода се остварување на соништата за многу жени и идни невести кои доволно е само еднаш да ги погледнат за да се заљубат во нив.
На кристално чистите ноти од „Оревокршачка“ на Чајковски, со сценографија налик на магична шума, Долче и Габана ја претставија својата сопствена бајка, каде главната улога ја играа моделите - носителите на новата естетика.