Книгата е одлична за опуштено летно попладне, со леснотија ве носи во едно друго, поинакво време, а со последната страница ве враќа назад, но со чувство за носталгија кое трае.
Биографија за една од најинтересните личности во историјата, Сер Ричард Бартон, со поголема доза фикција која ве носи во една друга магична димензија...
„Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат коштева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни, ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.“
Приказна за најозлогласениот „анархист“ во историјата раскажана низ оригиналниот пишан збор на еден од најголемите книжевни таленти - Александар Хемон.