Не мора да сте професионален бариста за да си дозволите комплетно уживање во вашето кафе. Со овој чекор-по-чекор водич, и вашето домашно еспресо може да добие уметничка слика.
Уметноста на цртање на кафе всушност се состои од истурање млечна пена во шолја еспресо, притоа изработувајќи некаков дизајн на површината. Овој вид уметност е познат како „coffee art“ или „latte art“.