Она што е важно е да не се каеме за одлуката која ќе ја донесеме, односно тоа да биде одлуката која би ја носеле повторно и повторно кога би се нашле во истиот тој даден момент.
Њујоршкиот претприемач Даниел Гулати направил анкета со 30 колеги-претприемачи на возраст од 28 до 58 години и сфатил дека сите се каат за нешто во кариерата.
Понекогаш не можеме да ги разбереме последиците од работите кои ги правиме во животот. Но, едно е сигурно: сите сакаме да ги одбегнеме нештата кои подоцна ќе бидат извор на каење и неподносливо гризење на совеста.