Вишокот килограми и прејадувањето се голем проблем присутен кај многу луѓе, но постои и другата крајност која исто така предизвикува здравствени проблеми.
Многу доктори и нутриционисти имаат утврдено дека најдобрата диета е онаа која нема да ги смени многу нашите рутини, туку ќе биде прилагодена на веќе постоечките.
Поголемиот дел од луѓето, храната ја доживуваат како уживање, а времето за ручек или вечера им е период од денот кога можат да се видат со семејството и пријателите.