Фисник Ислами е фотограф и македонски инстаграмџија чија што страст за фотографија се развила од желбата да ја споделува убавината што ја доживува околу себе.
„Уживам во секој ден од мојот живот затоа што го живеам на поинаков, динамичен начин, го правам она што најмногу го сакам и го работам тоа што од секогаш било мој сон“, ни објасни тој.
„Патувањето за мене е синоним на слобода. Слобода да го правите тоа што го сакате и да бидете тие што сакате да бидете, без извинувања, без очекувања, без предрасуди.“