Најновата инсталација на „Lab 212“ е големо интерактивно ѕвездено небо, кое секој би посакал да го има во својот дом. Замислете како би било да патувате низ ѕвездите, без да ја напуштите вашата дневна соба.:-)
Урбаната шума Кадриорг, во близина на естонската престолнина Талин, може целосно да го прекине нашиот контакт со реалноста и да нè однесе во некој паралелен свет.
„1000 Doors“ е уметничка инсталација изработена од Choi Jeong-Hwa. Тој поставил илјада користени врати во разни бои на ѕидовите на една десеткатница во центарот на главниот град на Јужна Кореја, Сеул.
Џенет Ечелман е американска артистка која креира несекојдневни летечки скулптури од мрежи, кои спонтано се движат низ воздухот и во вечерно време личат на некое летало од друга планета.
Замислете си како влегувате во тивка соба, во која жена спокојно си шие. Потоа замислете си како жената седи под 1.500 пара остри кинески ножици, кои висат од таванот, опасно насочени накај неа со острите врвови...
Преку својата извонредна архитектонска инсталација, францускиот уметник Serge Salat ги повикува посетителите на едно до сега невидено тридимензионално патување, низ бескрајни просторни слоеви.
Кинескиот уметник Xia Xiaowan користи повеќе слоеви на затемнето и осенчано стакло, така трансформирајќи ги дводимензионалните слики во величествени тридимензионални дела.