Пред повеќе од 40 години, започнала една неверојатна романса помеѓу уметник од Индија и жена од Шведска. Тие успеале да ги надминат сите препреки коишто им застанале на патот и до ден денес, се сè уште среќни заедно.
Поинакво од сѐ што ви е познато досега и надалеку позабавно од што и да имате друго на ум, Индија ќе ги исполни сите ваши очекувања и повеќе. Ќе ве однесе на патување кое се доживува само еднаш во животот.
Морејс го води читателот низ едно кулинарско патување, испреплетено со елементи на индиската и француската култура, прикажувајќи ја нивната богата гастрономија и сите слатки тајни на добриот вкус и неодоливите кулинарски специјалитети.
Префрлајќи се од модерните урбани квартови во сиромашните и нечисти предградија, ќе ги видите сите делчиња кои се неопходни за во нашата глава да си формираме мозаик со вистинската слика за оваа земја.
Биографија за една од најинтересните личности во историјата, Сер Ричард Бартон, со поголема доза фикција која ве носи во една друга магична димензија...