Употребувајќи комбинација од сопствени фотографии и од дела на други фотографи, Нејтан Спотс создал неверојатни пејзажи кои се наоѓаат само во нашите најдлабоки фантазии.
„When I Grow Up“ е одличен анимиран филм направен од страна на Колин Хестерли. Во филмчето тој ги прикажува соништата на едно младо момче за иднината, а преку него пренесува една силна порака.
Патувачкиот фотограф Томас Барбеј фотографира мртва природа, пејзажи и портрети, а потоа ги комбинира и поврзува, за да создаде лудо креативни композиции. :)
Само со гребло и малку имагинација, Андрес Амадор создава перфектни уметнички дела во песочните плажи. На еден пејзаж работи со часови, а можност да ужива во истиот има само неколку мигови, пред да надојде плимата и да го избрише.