Невозможно е да се вратите во минатото и да ја промените сегашноста, но постои нешто што можете да направите за да ја поправите ситуацијата и да ја ублажите нанесената болка. Извинете се!
Човечки е да се извините кога ќе процените дека сте згрешиле или дека некого сте навредиле, намерно или ненамерно. Но, постојат неколку работи за кои не смеете да се извинувате, ниту да се чувствувате виновни доколку ги правите.
За некои луѓе извинувањето е вистински предизвик и тешко им е да признаат дека се грешка. Сепак, постојат и луѓе кои го прават спротивното и претеруваат со извинувањето.
Луѓето можат да се поделат во 2 групи: Оние кои никогаш нема да ви се извинат колку и да погрешиле и оние коишто се подготвени да го понудат нивното извинување во секое време.