Некои од минатогодишните зимски трендови веќе паѓаат во заборав затоа што не се практични, не ве заштитуваат од студот и го нарушуваат изгледот бидејќи тешко се комбинираат.
Белата е подеднакво застапена и во спортските и во поопуштените варијанти, но исто така и во деловните и во елегантните комбинации на дамите кои ги диктираат модните трендови.
Трендовите постојано се менуваат, но некои парчиња облека се секогаш во тренд. Ако сакате да изгледате модерно и оваа зима, инвестирајте во овие 6 парчиња.