Папагалот Харви е цар за дабстеп перформанс. Застанат на показалец, тој умешно ги фаќа длабоките бас ритми и специфични брмчења, и тоа и со глас и со стас.
Bartholomäus Traubeck создал модифициран грамофон, кој произведува звуци од парчиња дрво. Прстените во пресекот на дрвените плочи, кои покажуваат колку е тоа старо, ги конвертира во звуци на пијано.
Филмската компанија Fruit Bonus го создала ова музичко видео, употребувајќи ги интересните звуци кои ги произведуваат разните предмети во нивната канцеларија, како копчиња „on/off“, телефони, звукот од лифтот...