„Во првите две години однесувањето и мислите на детето се програмирани главно од мајката. Оваа програма ја формира почетната рамка на неговото сценарио, „примарниот протокол“ за тоа кој треба да биде, односно дали треба да биде „чекан“ или „наковална.“
Да се биде успешен не е толку лесно како што изгледа, а понекогаш токму работите што ги занемаруваме или не ги сметаме за „значајни“ се оние кои нè спречуваат да одиме понатаму.
Што е она што ве спречува да го живеете животот што го заслужувате? Не заборавајте дека ниту една ситуација, ниту една личност, ниту еден настан немаат моќ да ве натераат да се чувствувате лошо - освен ако вие не дозволите!