Вашиот прв дневник сигурно бил преполн со тајни и мисли што сте сакале да си ги чувате за себе (сите знаеме дека читањето туѓ дневник е најстрого забрането).
Веројатно не можете да се сетите кога последен пат сте напишале нешто само за своја душа. Пишувајќи се запознавате себеси, а ние ви нудиме уште 6 причини за да почнете да ги исполнувате овие магични страници.
Водењето дневник е одлично за искажување на своите мисли и чувства, забележување на случките во текот на денот, па дури и за пишување поеми или кратки раскази.
Едно од најубавите чувства кое ги прави луѓето среќни и може да го промени односот спрема животот е благодарноста, вели едно американско психолошко истражување.