Карипскиот остров Монтсерат, кој слободно можеме да го наречеме рај, им ги отвори вратите на дигиталните номади, односно на сите оние кои можат да работат од удобноста на својот дом.
Ова номадско село им нуди на патниците бесплатни канцеларии, бесплатен интернет од 8 до 22 часот секој ден и многу други работи, а единствениот услов е тие да се обврзат да останат минимум еден месец.