За роденден, годишнина, Свети Валентин или онака, без причина, како што е секогаш најубаво, изборот е ваш. Особено се погодни за посилниот пол затоа што се многу лесни за подготовка, а девојките дефинитивно „ќе паднат“ на нив.
Ова е оној десерт што никого не може да го остави рамнодушен. Толку едноставен, лесен и премногу вкусен. Предизвикува сериозна зависност, а еден чоколаден тартуф верувајте дека нема да ви биде доволен.
Овие колачиња се направени од состојките потребни за тортата Red velvet (црвено кадифе), а посебни се бидејќи се полнети со фил од крем-сир. Ако сте во недоумица со што да ги изненадите гостите, овие колачиња се полн погодок.