Депресијата е сериозна болест која често останува незабележана со години. Луѓето кои страдаат од прикриена депресија се борат со нивните „демони“ и тоа сосема сами.
Додека природниот начин на лекување може да звучи примамлилво, експертите препорачуваат дека „природните лекови“ не треба да ја заменуваат медицинската интервенција.
Доколку поминувате низ тежок период, постојат неколку работи кои ве „издаваат“, но луѓето околу вас најчесто не забележуваат дека се однесувате на таков начин затоа што минувате низ депресивна фаза.
Колкупати ви се случило да прашате блиска личност како е, па и покрај очигледната непријатност што е исцртана на нејзиното или неговото лице, да ви каже „Ништо не ми е“?