Урбанизмот и природата не одат заедно, барем не додека не се појават некои интелигентни и супер креативни графити уметници кои овие две нешта можат да ги спојат онаму каде што никој друг не може да го стори тоа.
Артистот Алекс Сена кој живее и работи во Сао Паоло, Бразил е надалеку познат по неговите прекрасни и шармантни графити кои ги красат улиците на градот.
Сивите урбани елементи, како канализациони одводи, хидранти, шахти, претворени во весели уметнички дела кои веќе не остануваат незабележани од минувачите...