Иако во глобала се сметаат за напаст, особено кога ќе најдеме некој во нашиот дом како ја јаде нашата храна и се шета низ и под секое парче мебел кое постои, глувчињата знаат да бидат навистина слатки.
Овој необичен, но сладок тренд во фотографирањето започна во 2008 година, кога две жени сосема независно почнаа да ги споделуваат своите фотографии од нивните домашни миленичиња – глувци, кои позираат заедно со минијатурни плишани мечиња.