Доколку во текот на работната недела сте носеле монотони комбинации, тогаш викендот е вистинското време за впечатливи комбинации во кои ќе изгледате модерно.
Ваквиот изглед можете да го постигнете многу едноставно, сè што ви е потребно се: фустани со V израз, долги наметки, убави шапки, марами и смела шминка. Сите овие елементи го создаваат боемскиот стајлинг.