Серијата се состои од обработени стари познати фотографии направени за време на војните ширум светот и од политички настани кои го одбележаа 20-от век, во кои перфектно е вметнат некој херој или негативец од стриповите.
Поголемиот дел од фотографиите се направени во Берлин и во Москва, а истите спојуваат моменти и локации во временска дистанца поголема од 60 години, односно помеѓу Втората светска војна и денес.