Како го пиете вашето кафе? Со повеќе кафе, со помалку шеќер, со малку вода и многу млеко или со пола-пола? Без пена, со пена, со јака кафена боја или со млеко во кое има малку растворено кафе?
Кафе на плажа, покрај базен или во дворче... Тазе сварено, миризбата се шири наоколу... Згодни девојки, стегнати момци... Убава глетка и неодолив мирис и вкус. Доживувањето во лето е бесценето. Вкусете го додека трае.
Традиционална десктоп позадина која не потсетува на мирисот и вкусот кои ги има кафето доколку се приготви веднаш откако е сомелено. Нема поинтензивен мирис на кафето од овој.
За да бидете сигурни во вкусот на кафето кое го пиете, најдобро е да си купите печени зрна кафе, кои се продаваат во маалски продавнички, а потоа вие бидете бариста кој ќе го сомеле, свари и на крај ќе го испие топлиот напиток.