Јужно од популарниот залив Халонг се наоѓа нереално убава оаза каде што нема да се судирате со туристи, но лесно може да го задоволите гладот за природна убавина, сонце и активен одмор.
Еден француски фотограф почнал да ги истражува заедницата и културата на Виетнам и создал фото-проект што ја доловува вистинската „душа“ на луѓето и на нивниот секојдневен живот.
Секоја година за време на поплавите, локалното население во Виетнам ги собира водните лилјани со долги стебла од оризовите полиња. Потоа тие ги продаваат на пазарот или ги користат за чај и за украсување.
Доколку некогаш имате прилика да го посетите егзотичниот град Хо Ши Мин во Виетнам, задолжително испланирајте и патување до Кан Гиа или попознат како Островот на мајмуните.
Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за приготвувањето ладно кафе низ светот, продолжете со читање. Сигурно ќе запомните некој интересен факт кој ќе го споделите со своите пријатели.