Mayeul Akpovi е фантастичен фотограф од Бенин, кој моментално живее во Франција. Инспириран од убавините на Париз, го креирал ова фантастично видео составено од 3500 фотографии.
Таман кога помисливме дека публиката се презасити од корејскиот хит на Псај, се појави оваа неверојатно добро скицирана и совршено синхронизирана анимација, подобра дури и од оригиналот...
Ова е една од ретките реклами, кои не би ве изнервирале доколку додека гледате филм на некој од домашните телевизиски канали, наеднаш ви го прекинат на најинтересната сцена и направат ЕПП пауза. :)
Ако имате куче и сте ја почувствувале маката на свој грб, да го изнесувате секоја вечер надвор по нужда после полноќ, ве уверуваме дека после видеово ќе ви стане уште потешко. :)
Откако објектот бил користен како складиште за замрзнато месо во текот на цели 9 декади и поради лошо одржување, целиот ентериер на објектот бил целосно покриен со „вонземски“ мразулци.
Папагалот Харви е цар за дабстеп перформанс. Застанат на показалец, тој умешно ги фаќа длабоките бас ритми и специфични брмчења, и тоа и со глас и со стас.