Оваа мачка навистина сака да влезе внатре. Наместо да мјаука со цел да предизвика чувство на жал кај оние од другата страна на вратата, таа научила да тропа, и тоа со стил!
„When I Grow Up“ е одличен анимиран филм направен од страна на Колин Хестерли. Во филмчето тој ги прикажува соништата на едно младо момче за иднината, а преку него пренесува една силна порака.
Доколку по дома ви се наоѓа една кокошка и го поседувате уредот „Pancake-Omatic“, омилениот појадок на милиони луѓе ширум светот, може да се појави на вашата трпеза за само 1 минута!
И покрај тоа што е многу малечок, без проблем фрла кошеви во лежечка позиција и постигнува поени кои не може да ги постигне ни некој 8 пати постар од него.
Без да посегнуваат по контроверзни теми кои предизвикуваат сензационализам и разни забрани за емитување, оние кои ја направиле рекламата на компанијата за обувки Скечерс, успеале одлично да ја завршат својата работа.
За тоа како да се биде добар родител можеме многу да научиме и од мачките. Тие уште од мали ги учат своите мачиња како да се снаоѓаат и да бидат самостојни.
Бебето Амаја е во длабок сон, барем додека не ѝ ја пуштат омилената песна на радиото во колата. Погледнете ја нејзината реакција, како и сеирот од сестра ѝ. :)