Сме виделе многу слатки животни кои изведуваат разни музички точки, но ова е веројатно едно од најслатките. Папагалчето на видеото ја пее музиката од филмот „Мојот сосед Тоторо“, додека е придружуван со пијано. Пре-слат-ко! :)
Компанијата „Breakfast NY“ која се занимава со создавање интересни дигитални решенија со кои се премостува јазот помеѓу реалниот и онлајн светот, направиле многу интересен концепт.
На некои им се забавни, на други им се морничави, но не може да не се запрашате како некои живи статуи лебдат во воздухот и притоа изгледаат опуштено, како воопшто да не ги напрегаат мускулите.
Погледнете ги бесценетите реакции на луѓето кои биле тајно фотографирани и потоа фотошопирани, во моментот кога ќе се видат себеси наместо рекламата на билбордот отспротива.
Во едно кафуле во Сиднеј, сопствениците покажале дека се слаби кога станува збор за љубов, па одлучиле заљубените парови, направената сметка да можат да ја платат со бакнеж.