Лоциран во нов станбен комплекс во Краснодар, Русија, овој апартман е направен според барањата на сопственикот, кој сакал целокупниот дизајн да се развива околу една централна идеја – Обединетото Кралство.
Патници на автобуска станица во Њукасл, Велика Британија, го свират Бетовен на пијано. Некои од нив за првпат го допираат овој инструмент. Станува збор за проект чија цел е вклучување на јавноста во креирањето уметност.
Најпознатата и највредната круна во британската монархија е државната кралска круна. Составена е од многу скапоцени камења, меѓу кои е и еден од најретките дијаманти – „Втората ѕвезда на Африка“.