Со цел нешто да се прогласи како моден тренд, обично е потребно најмалку три дизајнери да извадат одреден модел, крој, детали или во овој случај - боја.
Институтот Pantone ја претстави коралната „Living Coral“ боја како нијанса за 2019 година. Сепак, во приказната се „вмеша“ уште една боја која сигурно ќе ја обележи оваа година - ако не целата, тогаш барем летната сезона.