Архитектската компанија Palatre and Leclere Architects го промовираше својот најнов проект, колоритната француска градинка „Ecole Maternelle Pajol“ која се наоѓа во Париз.
Фотографот Џек Лонг е автор на оваа прекрасна серија фотографии од ликвидни цвеќиња. За нивното создавање не е користен Фотошоп, туку само техника на фотографирање со кратка експозиција.
Suminagashi е стара јапонска техника на сликање на водена површина со цел да се создадат цртежи со мермерен ефект. Буквално значи лебдење на мастилото.
Ијан Блејк е шкотски фотограф, кој собира камчиња во разни бои, форми и големини и од нив составува човечки и животински стапалки, кои потоа ги поставува на интересни места и на крајот ги фотографира.