За роденден, годишнина, Свети Валентин или онака, без причина, како што е секогаш најубаво, изборот е ваш. Особено се погодни за посилниот пол затоа што се многу лесни за подготовка, а девојките дефинитивно „ќе паднат“ на нив.
Овие колачиња се направени од состојките потребни за тортата Red velvet (црвено кадифе), а посебни се бидејќи се полнети со фил од крем-сир. Ако сте во недоумица со што да ги изненадите гостите, овие колачиња се полн погодок.
Направете го кога сте во брзање, кога не знаете што благо да јадете или кога не можете да му најдете соодветна примена на путерот од кикирики. Верувајте, ова е тост кој нема да го направите само еднаш.
Ви се јаде нешто благо, а не сакате да експериментирате со торти и колачи? Сè што ви треба се чоколадо, вода и 5 минути слободно време. Да, баш така. Еве како да ја направите оваа брза чоколадна крем-пена.