Десертите се сладок грев на повеќето од нас и едвај можеме да им одолееме, но што да правиме кога ќе станеме зависни од шеќер и кога потребата од слатко станува постојана?
Дури и ако од исхраната сте ги исфрлиле лебот, тестото и сè друго што е направено од брашно, голема е веројатноста одвреме-навреме да посакате нешто благо.
Љубителите на чоколадо се согласуваат околу едно – не можат да си го замислат животот без него. Секогаш носите барем едно со себе и планирате кои нови вкусови набрзо да ги пробате.