Барби, иконската кукла која секое девојче ја посакува и која постојано е осудувана поради невозможните телесни пропорции, од денес па наваму ќе изгледа многу пореалистично.
Светски познатата кукла е изум на Рут Хендлер, која била ко-основач на компанијата за играчки „Mattel“. Рут името на куклата ù го дала по својата ќерка Барбара.