Ако сакате своето утро да го започнете со поинакво кафе, тогаш ова е рецепт што нема да можете да го одбиете. Овој вегански милкшејк е идеален и како појадок и како алтернатива за вашето вообичаено кафе.
Една рака бадеми на ден е совршена ужина која ќе ве засити и ќе ве заштити од многу болести. Овој високопротеински оброк го потиснува и го залажува апетитот и е одличен за здравјето на срцето.
Јаткастите плодови често може да се најдат на листите со нездрави намирници, но тоа всушност важи кога се обработени, односно пржени, солени или чоколадирани, додека кога се необработени и сирови, тие се одлични за здравјето.