При уредувањето на овој апартман сместен во Менхетн, дизајнерите прават одличен спој меѓу земјените тонови и ненадејните изблици на јаки бои, произведувајќи дом кој е релаксирачки, топол и неверојатно женствен.
Дизајнерското студио „DesignDevelop“ од Словачка е креатор на брилијантен проект со кој двостраните билборди покрај патиштата се искористуваат како мали компактни домови за бездомниците.
Сензационалниот станбен облакодер „One Madison“ пред два дена почна да ги продава своите станови, а помеѓу нив се најде и луксузниот пентхаус вреден 50 милиони американски долари.
Некогашната исконска кула со часовник во Бруклин според која старите жители на Њујорк си ги местеле рачните часовници, денес е претворена во ултрамодерно поткровје вредно 18 милиони американски долари.
Од „Пријатели“, до „Озборувачка“ и сè помеѓу нив, постојат илјадници ТВ серии кои се обидуваат да го доловат животот во Њујорк Сити. Но, колку е реална оваа слика за градот?