Периодот кој следи многумина го нарекуваат најубавиот дел од годината. Но, за личност со анксиозност ова може да биде навистина тешко. Затоа е важно да научите како да се грижите за себе во периодот на празници.
Будистите сметаат дека ние се грижиме бидејќи секогаш ни е потребен конкретен одговор. Луѓето имаат многу чуден страв од несигурноста, а непредвидливоста ни предизвикува неудобност.
Секој е под стрес одвреме-навреме, но сериозната анксиозност е нарушување кое се појавува само кај некои луѓе. Многу често таа е резултат од хемиска и хормонална нерамнотежа во мозокот. Поради ова, нејзината природа не е целосно разбрана.
Сосем природно е да паничите за нешто што сте го направиле, или нешто што треба да го направите. Секој го чувствува тоа „отчукување на часовник“ кое трајно е всадено во нашиот ум.
Секој се соочува со анксиозност поради човечкиот инстинкт за преживување. Но кога ќе почнете да имате проблеми со контролирање на оваа анксиозност, можеби станува збор за нарушување кое има штетно влијание на вас.