Варис Дирие побегнала од тешкиот живот во африканската пустина како млада тинејџерка, сиромашна и неписмена, со една единствена излитена шамија.
Денес живее во Њујорк, таа е врвна светска манекенка и специјален амбасадор на Обединетите нации; таа патува низ светот како елоквентен и страстен борец за човекови права. Во оваа значајна книга, од прва рака, таа ни раскажува за својата драматична и вдахновена одисеја.
Оваа книга воодушеви многумина, а ова се само еден мал дел од убавите зборови кажани за неа:
„Извонредна храброст… најубаво вдахновение за секого.“ – Елтон Џон
„Приказна која тече од еден на друг континент, ги опфаќа световите на човечкото искуство и на човечката болка… Варис Дирие, некогаш била жртва, но тоа никогаш повеќе нема да биде. Таа сѐ уште се бори, сѐ уште со помош на нејзината убавина и храброст, така, како што знае и умее, се бори за правда.“ – весникот „Sunday Express“
„Нејзината прва работа била сликањето за календарот на Пирели, заедно со една непозната девојка од Стретема, по име Наоми Кембел… Сега е писател на книга објавена на четиринаесет јазици, која толку многу го воодушеви Елтон Џон, што тој ги откупи правата за снимање филм.“ – весникот „The Times“
„Извонредно драматична и трогателна приказна“ – Kirkus Book Rewies
Просветно дело доделува 2 книги за двајца посетители на Кафе пауза.
Наградната игра ќе трае до 3 август, а за учество оставете го само вашето име и презиме во комбинација со некаков коментар. Добитниците ќе бидат избрани по случаен избор.
Летна кампања во Просветно дело: ФАТИ СЕНКА И ЧИТАЈ!
Просветно дело на сите вљубеници во убавиот пишан збор им овозможува да го направат својот избор за летно читање со попуст од 30%. Било за под сенка, под климатизер или покрај вода, изберете некој од хит-насловите како „Слатки мали лажливки“, „Озборувачка“ или „Вампирски дневници“ со супер-попуст од 30%.