Зошто треба да конзумираме леќа најмалку еднаш во неделата?!

Зошто треба да конзумираме леќа најмалку еднаш во неделата?!

Дали би готвеле и конзумирале почесто леќа кога би ги знаеле сите нутритивни бенефити од оваа зрнеста храна?!

2-zoshto-treba-da-konzumirame-lekja-najmalku-ednash-vo-nedelata-kafepauza.mk

Археолошки ископувања во близина на денешна Сирија дојдоа до херметички затворени садови полни со зрна леќа, што укажува дека леќата се сметала за вреден продукт од природата уште пред нашата ера. Тешко е да се одреди кога точно оваа зрнеста храна станала примарна во исхраната на човекот, но археолозите откриле голема продавница за зрнеста храна во склоп на антички локалитет кој датира од 6800 година пред нашата ера. Со оглед на оваа долго патување низ историјата на човештвото, можеби е чудно што денес малкумина имаат свест за придобивките за здравјето од редовното конзумирање леќа.

Црвена леќа – античка тајна заслужно пренесена на модерната трпеза

Старите мудри народи од азискиот континент ги препознавале сите придобивки од оваа скапоцена мешунка, па и ден денес рецептите за вкусна подготовка на црвена леќа се дел од традицијата на тие простори.

Бидете креативни и храбри во готвењето и приготвувајте ја леќата според различни рецепти, комбинирајќи ја со други здрави продукти. Јадете леќа и сметајте на бројни здравствени придобивки, вклучувајќи:

Намалување на нивото на холестерол – Леќата може да ја замислите како филтер на крвта. Бидејќи содржи високо ниво на растворливи влакна, леќата помага во намалување на нивото на холестерол, а со тоа го намалува ризикот од срцеви заболување и мозочен удар.

Здраво срце – Леќата е одличен извор на фолна киселина и магнезиум, кои се од голема важност за виталноста на срцето. Фолната киселина го намалува нивото на хомоцистеин, сериозен фактор на ризик за срцеви заболувања. Магнезиумот го подобрува протокот на крв, кислород и хранливи материи во телото.  Особено, доколку сте спортски активни, јадењето леќа ќе го задржи вашето срце среќно! 1-zoshto-treba-da-konzumirame-lekja-najmalku-ednash-vo-nedelata-kafepauza.mk

Дигестивен баланс – Леќата содржи растителни влакна кои помагаат да се негува и балансира  цревната флора, како и природно да се третираат други дигестивни нарушувања како нервозно дебело црево и дивертикулоза.

Стабилизиран шеќер во крвта – Гликемискиот индекс, мерката за влијанието од храната врз крвниот шеќер, од црвената леќа е многу низок. Едно истражување на научниците од Универзитетот во Тороното во 1988 година откри дека учесниците во студијата кои јаделе црвена леќа за вечера  имале регулирано ниво на шеќер во крвта во текот на следниот ден. Внесувањето на храна со низок гликемиски индекс резултира со домино ефект, кој трајно ја подобрува енергетската ефикасност во текот на последователните оброци. Со тек на време, вклучувајќи почесто црвена леќа во исхраната, дијабетичарите успеваат да  постигнат балансираност во нивото на шеќер во крвта.

Протеини – Црвената леќа содржи највисоко ниво на протеин од сите мешункасти плодови. Една порција леќа содржи 17,8 грама протеин, износ што исполнува 38% од дневните потреби за протеин на човекот.

Енергија – Црвената леќа е исклучителен извор на железо. Особено им се препорачува на жени во периодот на месечниот циклус, кога се изложени на дефицит на железо во крвта. Се смета дека е далеку поздрава и од црвеното месо, затоа што за разлика од месото не содржи калории и масти.

Хемоглобинот е составен дел од ензимскииот систем за производство на енергија и забрзување на метаболизмот, така што порција вкусно приготвена леќа е секогаш добра идеја.

Здраво губење на вишокот килограми – Црвената леќа е највисоко на листата на здрава храна според Светската здравствена организација. Леќата содржи бројни корисни хранливи состојки како растителни влакна, протеини, минерали и витамини, а покрај тоа е мешункаст производ со ниско ниво на калории и не содржи маснотии. Една порција варена леќа содржи околу 230 калории, но сепак дава чувство на целосна ситост и задоволство.

Генералното собрание на Обединетите нации ја прогласи 2016 година за Меѓународна година на мешунки и сите здравствени придобивки од истите. Интернетот е преплавен со различни рецепти за приготвување на сите видови леќа. Побарајте квалитетна црвена леќа од брендот Сончева Долина во најблиската продавница и подгответе супа на индијски начин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар