Зошто дрогериите на dm се нашето омилено место за пазарување?
Дали и вам ви се случило да влезете во dm да купите гел за туширање или шампон, а половина час подоцна да излезете со полна кеси производи? Ви звучи познато, нели? Шопингот во дрогериите на dm за многумина од нас е вистинско уживање. Почнувајќи од атмосферата, љубезните вработени, па сѐ до асортиманот кој го нудат овие дрогерии… секогаш можеме да најдеме сѐ што ни е треба за нас, нашите најмали, нашиот дом.
Со асортиман од повеќе од 14.500 производа, dm дрогериите се место каде може да купите сè на едно место, започнувајќи од сегментот на нега и убавина, природна козметика, органска храна, лична хигиена, домашни миленици, па сè до производи за домаќинство и нега на бебиња.
Но, сепак, покрај асортиманот, дрогериите на dm се истакнуваат и квалитетот на производите, поточно неверојатниот сооднос на цена-квалитет на нивните сопствени dm брендови. Она што ги истакнува овие дрогерии е идентичниот квалитет на производите во сите земји, каде се присутни на пазарот. Добропознатите dm брендови: Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit и други, гарантираат идентичен квалитет во сите 13 земји во кои компанијата работи.
Најголем избор на органска храна и најдобрите додатоци во исхрана за целото семејство
dm ја покажува својата незаменлива компетентност во областа на органската и био исхрана. Со речиси 400 производи од органско потекло, dm го нуди најширокиот асортиман на органска храна на нашиот пазар. Приватната марка dmBio е наменета за вегетаријанците, веганите, оние кои имаат интолеранција на одредени состојки – и сите оние кои внимаваат на своите оброци да бидат произведени во духот на одржливиот развој. Од органски житарки, намази, јаткасти плодови, грицки, различни тестенини, зачини – секој производ од овој асортиман ви е достапен по пристапни цени во сите dm дрогерии во земјава.
Да не заборавиме да ги споменеме и марките Mivolis и Sportness кои нудат компетентни, поверливи, поволни, а во исто време квалитетни додатоци во исхрана и богата протеинска програма. Разновидниот асортиман, за секој потрошувач нуди соодветен производ кој придонесува за превенција, му служи на здравјето, виталноста и опуштањето на духот и телото.
Сè за вашата нега и убавина
Нашето тело е наш храм, и поради тоа заслужува најдобра нега. Со dm, светот на негата и убавината ви е на дофат на дланка. dm дрогериите нудат голем избор на производи за нега од глава до пети, а посебно се посветени врз состојките и квалитетот на производите. Во dm исто така може да се опремите и со разновидна природна козметика – од гелови за туширање, до сапуни, шампони, пасти за заби на еколошки освестените брендови како што се alverde, lavera, olival. Добра вест и за љубителите на квалитетна шминка – големиот асортиман за нега и убавина е крунисан со огромниот избор на шминки. Славејќи ја убавината и индивидуалноста, dm ви нуди сѐ она што ви треба за еден комплетен makeup изглед!
Во dm дрогериите може да пронајдете и голем број на ексклузивни производи, како и Limited Edition производи за уште поинтересно и посебно искуство во пазарувањето!
Сè за вашето дете
Вашето бебе е конечно тука и сакате да му овозможите најдобар почеток на животот? Токму затоа dm дрогериите се чест избор на родителите. Брендовите како babylove, Hipp, Becutan, Pampers ги нудат сите производи кои на вашето најмалечко му се потребни: исхрана и нега или играчки, флашички, цуцли… сѐ она што ви треба за стручно, нежно и одговорно исполнување на сите желби и потреби на вашето дете.
Тука е и големиот избор на пелени со најдобар квалитет, влажни марамици, бебешки пудри, платнени и пелени за пливање. Овој асортиман освен што содржи различна опрема за децата, збогатен е и со производи за нега на трудниците за време и по бременоста.
Сè за вашиот дом – асортиман со кој чистењето ќе биде навистина забавно
За да се чувствувате удобно во своите четири ѕида, потребно е повеќе од само украси на влезната врата на кои пишува ,,Home sweet home’’. Домот треба да е место кое сами сте го уредиле и во кое се чувствувате удобно и сигурно. Важна работа во контекст на комфорот е чистењето! Главната ѕвезда од овој асортиман е приватната марка Denkmit која опфаќа производи за перење и нега на алиштата и отстранување на дамки, специјални средства за чистење на домаќинството, иновативни освежувачи за простории и фрижидер, како и парфеми за алишта. Покрај овој бренд, на полиците во dm ќе пронајдете и други реномирани брендови, како Cillit Bang, Frosch, Cif и многу други, со кои чистењето ќе ви биде уживање.
А, за оние кои сакаат да се чувствуваат поблиску до природата – dm има одлично решение: Еколошки алтернативи на конвенционалните производи! Еко средствата за блескав дом се ,,must have’’, а познати се по тоа што се прават од обновливи суровини и содржат помалку додатна хемија!
Компанијата dm drogerie markt ќе продолжи да го развива целокупниот асортиман, водена секогаш со истата цел – да одговори на потребите на потрошувачите и секојдневно дрогериите да ги прави уште подобро место за пазарување.