Започнува најголемиот детски ликовен конкурс на Ладна
Започнува добро познатиот детски ликовен конкурс на Ладна, кој ќе ги однесе најсреќните добитници, заедно со нивните семејства на тридневно уживање во Дизниленд во Париз. Децата оваа година имаат за задача да ги нацртаат своите замисли на темата: „Крај вода одмарам и цртам“.
Цртежите заедно со податоците на детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и телефонски број), испраќајте ги на адреса: ул. „1732“ бр. 2, 1000 Скопје, со назнака „За Ладна ликовен конкурс“, најдоцна до 04.05.2018. Предизвикот е пред децата, останува да ги земат боичките во раце и да ги нацртаат нивните омилени активности покрај вода.
Натпреварувањето ќе биде поделено во две категории и тоа, деца на возраст од 4 до 7 години – родени во периодот од 05.05.2011 до 04.05.2014 и деца на возраст од 7 до 10 години родени во периодот од 05.05.2008 до 04.05.2011 година.
Конкурсот и оваа година е од награден карактер, а стручното жири ќе има за задача да одбере по три најубави цртежи во секоја категорија, за кои Ладна обезбеди супер награди и тоа:
- 2 тридневни патувања во Дизниленд – Париз
- 2 годишни курсеви за цртање
- 2 таблети за цртање
„Една од работите кои децата најчесто и најмногу сакаат да ја прават е цртањето, и тоа не e случајно. На овој начин тие се чувствуваат слободно и лесно ги артикулираат своите размислувања и ставови кон најблиското опкружување и светот. Среќни сме што од година во година се зголемува бројот на цртежи, и не радува што со нашиот конкурс ги поттикнуваме дечињата да ја изразат својата креативност и фантазија“, велат од Ладна.
Повеќе информации за конкурсот, но и за многубројните изненадувања во следните недели, може да прочитате на Facebook страницата на Ладна.
Испраќајте цртежи и следете нѐ на www.ladna.com.mk.