За свежа и сјајна кожа со рамномерен тен, независно од возраста

За свежа и сјајна кожа со рамномерен тен, независно од возраста

Хиперпигментациите се потемни делови на кожата, коишто може да бидат со различна форма и интензитет. Познати се различни видови хиперпигментации – пеги, мелазма, старечки дамки, хиперпигментации после акни и други воспалителни процеси на кожата.

(1) За свежа и сјајна кожа со рамномерен тен, независно од возраста

Нормалната боја на кожата се должи на пигментот кој го создаваат меланоцитите, а чија активност е поттикната од сончевите зраци. Хиперпигментациите настануваат при зголемена активност на меланоцитите како резултат на претерано изложување на сонце, хормонални промени, воспалителни процеси и кожни трауми, некои лекови, при стареење на кожата. Бојата на пигментациите и резултатите од третманите се поврзани со длабочината на кожата каде се исталожува пигментот. Постојат бројни дерматолошки процедури за избелување на хиперпигментациите. По завршување на соодветниот третман, следува нега на кожата со производи кои ја стабилизираат синтезата на меланин и обезбедуваат соодветна заштита од сонце. Соодветната фотопротекција е потребна во целиот сончев период во годината, односно од рана пролет до доцна есен.

(2) За свежа и сјајна кожа со рамномерен тен, независно од возраста

Eucerin®EVEN BRIGHTER е првата специјализирана линија на медицински производи, којшто го помагаат отстранувањето на пигментните промени на кожата со истовремен регенеративен, заштитен и подмладувачки ефект. Активната состојка Б-резорцинол ја стабилизира прекумерната синтеза на меланин и долготрајно ги намалува пигментните дамки, со што се постигнува порамномерен и сјаен тен. Глициретинската киселина во производите ја помага регенерацијата на клетките оштетени од дејството на УВ зраците и ја заштитува кожата од предвремено стареење. Линијата предложува дневна крема во која има и заштитен фактор од сонце (SPF30), со што кожата е дополнително заштитена од хиперпигментации. Ноќната крема ја подобрува регенерацијата на кожата во текот на ноќта, а серум-концентратот го засилува ефектот на дневниот и ноќниот крем. Линијата е дополнета со коректор за интензивен локален третман на поединечни пигментни промени на кожата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар