За сите ние што не знаеме да правиме палачинки
Веројатно не постои некој што не сака палачинки. Тоа слатко тенко тесто што неодоливо нѐ потсетува на детството и на топлината на домот во кој ни ги подготвувале нашите мајки, тетки и баби.
А кога ќе пораснеме ги јадеме сѐ поретко. Знаете зошто?! Затоа што е проклето тешко да се направат!
Навидум наједноставниот домашен десерт е извор на фрустрации на многу луѓе, од момчињата што сакаат да ги изненадат своите девојки, до мајки и баби што сакаат да ги израдуваат дечињата… Сигурно и вие барем еднаш сте биле на работ да го фрлите тавчето низ прозорец по безбројните неуспешни обиди да ја погодите смесата и конечно да извадите барем една добра, округла и непрепечена палачинка.
И знаете што?! Мнозинство сме, и не се срамиме да признаеме! Навистина повеќето од нас не знаат да направат палачинки и затоа оваа вест е радост за сите нас – македонскиот бренд „Фантазија“ ни нуди генијални полуготови смеси за палачинки и вафли со кои практично не можете да направите утка. Нема хаос во кујната, нема „повеќе млеко требаше изгледа“, нема гладни усти и разочарани лица.
А, толку се вкусни…
Буквално сѐ што ви треба е еден сад, едно јајце и едно добро тавче. Техниката со текот на времето ќе ја совладате, сега кога смесата е доведена до совршенство.
Животот е малку попразен без вкусни палачинки, зошто да го живеете така?! Изненадете ги саканите, направете им неочекуван појадок или вечера, па зошто да не и ручек со превкусни палачинки, и бројте ги насмевките кои ќе ги добиете.
Палачинките од Фантазија се секогаш радост!