„We always wanted something different“ – Моќна реклама на DIAS Shoes & Bags

„We always wanted something different“ – Моќна реклама на DIAS Shoes & Bags

Македонскиот бренд DIAS Shoes & Bags, кој е познат по производство на custom made чанти и чевли за мажи за жени, ја претстави својата нова реклама за нивната нова моќна кампања, „We always wanted something different“.

Преку најновото рекламно видео, самиот бренд сака да ја пренесе посакуваната порака и нивниот начин на работа кој ги прави поинакви од другите.

we-always-wanted-something-different-Mokjna-reklama-na-dias-shoes-bags-kafepauza.mk

„Самиот концепт кој нуди сами да си ги дизајнирате и персонализирате чевлите и чантите, претставува еден микс на модата и слободата, односно концепт којшто нуди излегување од сенката и формалностите и дизајнирање на нешто што ќе ве отсликува вас и тоа што сте вие.

Токму затоа се одлучивме и за слоганот ‘We always wanted something different’, бидејќи сакаме да пренесеме нешто ново. Сакаме да им овозможиме на луѓето да бидат креативни и да бидат забележани поради тоа. Можностите во дизајнирањето на своите чанти и чевли се неограничени, а секој си има свој вкус и посебна замисла. Па токму тоа е и пораката во нашата нова реклама“ – изјавија од DIAS Shoes & Bags.

Сѐ повеќе луѓето сакаат да носат custom made парчиња, а DIAS Shoes & Bags е македонскиот бренд кој ви го овозможува тоа. Секој клиент може да бира помеѓу различни стилови, видови кожа и многу бои. Оние кои се вистински индивидуалци, можат да направат и персонализација на обувките, а тоа можат да го сторат со поставување на иницијали, бројки, симболи и слично.

Главни виновници за одличната реклама е тимот на General Production и ликовите кои се во неа, Никола Марковиќ и бразилката Алана Таманини.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар