Второ издание на македонскиот дабстеп фестивал Bass Platform
Информации за настанот:
Локација:
Капан Ан, Стара Чаршија
Датум и време:
21 декември 2012, 23:00ч
Организатор:
Bass Infusion
Добриот звук се враќа во Скопје! По огромниот успех на првиот македонски дабстеп фестивал Bass Platfrom, со големо задоволство ви го најавуваме второто издание и уште едно вистинското дабстеп искуство.
На 21-ви декември во Капан Ан, ве очекува вечер исполнета со одличен звук. На сцената ќе се појават Basscatz, DJ Owlie и MC Slim од Бугарија, додека како домашна поддршка ќе настапат Аномалија Натива и Драш.
Зад името Basscatz стои Martin Bongg, основач и сопственик на една од најпрогресивните балкански дискографски куќи, Platform. Настапува со најпознатите бас и дабстеп имиња повеќе од 10 години. Platform се заслужни за носење на огромен број звучни имиња од глобалната дабстеп сцена, меѓу кои: Caspa, 16 Bit, Phaeleh, Von D, Distance, Youngsta, Darkside, Balkansky и многу други. Platform се одговорни за првата дабстеп компилација во Бугарија, „Platformula 1.“
DJ Owlie е млад и талентиран продуцент од Бугарија, кој исто така настапува под Platform. Неговите сетови варираат помеѓу deep/минимал дабстеп, future garage и техно, комбинација која дефинитивно ја држи публиката разиграна во текот на целиот сет.
Сетовите на Basscatz и DJ Owlie ќе бидат поддржани од бугарската MC легенда, MC Slim познат и како Slimacity.
Аномалија Натива е музичко дуо од Македонија. Нивниот музички стил е под различни влијанија, од џангл/drum and bass, до хип хоп, брејк бит, даб па дури и до класичниот звук. На Bass Platform 2 тие ќе презентираат и дел од нивното авторско LP, Attention.
Драш е еден од најголемите поборници на дабстепот во Македонија, кој уште од 2009 година со својата емисија „Bass Junkeez“ ги постави темелите на македонската дабстеп сцена. Во моментов активно работи на проектот S.U.B. во кој објавува неделни подкасти и интервјуа со македонски и странски bass DJи.
Покрај одличната музика на настанот ќе можете да проследите и 3D Mapping проекција, дело на Александар Анастасовски Мутер.
21 декември, Капан Ан, 23.00ч. Време е за BASS!
Линк до официјалниот Facebook настан
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.