Втора сезона пансион „Преспав“

Втора сезона пансион „Преспав“

3-vtora-sezona-pansion-prespav-kafepauza.mkСо радост ја примивме веста дека ќе почне снимањето на втората сезона од ТВ серијата „Преспав“. Можеби на почетокот на емитувањето повеќето и бевме малку скептични за квалитетот на оваа хумористична серија во македонска продукција, а можевме и да слушнеме и некои негативни коментари од т.н. ТВ експерти, кои гледале само холивудски серии од светски ранг, но “Преспав“ полека, но суптилно, со својата оригиналност не освои. Реагиравме позитивно на форшпанот, се смеевме на репликите на главните ликови, кои и кога ќе ги сретневме некаде во друга улога, ги именувавме по нивните „Преспав“ називи.

Со оглед дека во Македонија ретко се снимаат ТВ серии, и не помниме кога била последната, пансионот „Преспав“ дефинитивно со својот квалитет го освои вниманието на гледачите. Ја забавуваше и смееше публиката, претставувајќи метафора на реалните општествени случувања во Република Македонија, во кои се прекршува балканскиот менталитет, од кој ликовите не можат да избегаат, а сепак водени од желбата да ги почитуваат и воспостават европските стандарди.

0-vtora-sezona-pansion-prespav-kafepauza.mk

Од постојаниот конфликт и недоразбирањата на главните ликови произлегоа многу комични ситуации во кои честопати препознававме ликови од нашата потесна околина. Секој од ликовите, одлично разработени, посебни и интересни на свој начин, во многушто дадоа длабочина и шмек на серијалот. Секој поединец од врвната актерска екипа која ја сочинуваа: Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Владо Јовановски и Адриан Азири, одлично се вклопи во својата улога, како и да беа напишани за нив.

Токму таа позитивна атмосфера која ја има на ТВ екраните, ја почувствуваме на првата клапа од снимањето на втората сезона од ТВ серијата „Преспав“. Со мало освежување во актерската постава, односно на местото Владо Јовановски продолжува Игор Џамбазов, што ќе претставува промена која ќе донесе нов квалитет во серијалот.

1-vtora-sezona-pansion-prespav-kafepauza.mk

„Преспав“ е првиот македонски сит-ком проект, целосно осмислен и одработен од македонски продуценти, сценаристи и актери, кои вложија сериозен труд и култивираа бесценето знаење и искуство за вакви слични понатамошни проекти. Секоја епизода е инспирирана од општествена тема, актуелен проблем или конфликт, и разрешница која предизвикува смеа, но воедно пружа и реален пристап. Сценаријата се на: Елеонора Венинова, Сашо Кокаланов, Венко Андоновски и Димитар Банов.

Семејната приказна на тројцата браќа Бузалевски, кои иако дијаметрално карактерно различни, имаат една заедничка цел – да инвестираат во промени во својот роден крај, е во режија на Игор Иванов Изи.

2-vtora-sezona-pansion-prespav-kafepauza.mk

Композитор на заразната певливата музика од најавната шпица која наговестува 30-минутна релаксација пред малите екрани за целото семејство е на Мите Димовски од студиото Тралала.

„Преспав“ како комплетен македонски продукт постави повисоки стандарди меѓу професионалците и повисоки очекувања меѓу публиката од телевизиската понуда, и барем за малку го оттгрна вниманието од заложништвото на турските серии, кои безмислосно го окупираа телевизискиот простор, не нудејќи време и простор за нешто друго.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!
  1. Kiril Reply

    Vlado Jovanovski ,nikoj ne moze da go zameni…

Остави коментар