ВО КОНЦЕПТ 37: Изложба на „Мика“ - рачно изработени предмети од кожа

ВО КОНЦЕПТ 37: Изложба на „Мика“ – рачно изработени предмети од кожа

На првата самостојна изложба на Гоце Новачевски и брендот МИКА, која ќе се одржи во aрт кафето „Концепт 37“ во Скопје, ќе бидат претставени уникатно дизајнирани предмети од кожа, кои во себе содржат уметничка и функционална вредност, наспроти светот каде доминираат производи масовно произведени на индустриски начин.

1-vo-koncept-37-izlozhba-na-mika-rachno-izraboteni-predmeti-od-kozha-kafepauza.mk

Производите се во целост рачно изработени, со користење на најквалитетна „full grain“ телешка кожа и најсилен синтетички конец премачкан со природен восок. За шиењето користен е метод на древните американски ренџери кој обезбедува поголема цврстина и трајност во однос на машинското шиење, а воедно и попрефинет изглед на производот. Финално, секој производ е третиран со природен восок, кој обезбедува дополнителна заштита и трајност, а во исто време и изглед и осет на солидност и уникатност.

2-vo-koncept-37-izlozhba-na-mika-rachno-izraboteni-predmeti-od-kozha-kafepauza.mk

„Креативноста и создавањето се мотивите поради кои почнав да се бавам со ова хоби, а случајно како материјал ја одбрав кожата, како природен материјал кој нуди големи можности. Секој производ има свој карактер, а во истовреме е едноставен и лесен за користење. Од таму, спонтано дојде и името на брендот МИКА, минимално со карактер. Изработката е бавна бидејќи секој процес (сечење, шиење, финална обработка, пакување) се работи рачно, а и користењето на шаблони е ограничено бидејќи во принцип изработувам уникатни парчиња, без потреба за повторување“, вели Новачевски.

Отворањето на изложбата е закажано за во среда во 20 часот.

3-vo-koncept-37-izlozhba-na-mika-rachno-izraboteni-predmeti-od-kozha-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар