Viva la Vita – Духот на Италија во мирисливо шишенце

Viva la Vita – Духот на Италија во мирисливо шишенце

Честопати ни е потребно мало потсетување за да му се радуваме на секој нов ден и со полни гради да уживаме во ситните задоволства. Поради тоа AVON го креираше новиот парфем Viva la Vita, инспириран од Италија – земјата која зрачи со страст, посебна атмосфера и мириси, чии жители се познати по позитивниот став и хедонизмот.

1-viva-la-vita-duhot-na-italija-vo-mirislivo-shishence-kafepauza.mk

Промовиран неодамна, Viva la Vita е најновиот женски мирис од AVON кој го прави убав секој ден. Инспирацијата за овој парфем доаѓа од жените кои зрачат со самодоверба, живеејќи го секој момент со полни гради. Овој парфем ослободува чувства на опуштеност, живост и слобода во изразувањето.

Новиот парфем, кој претставува совршен спој на сочен, црвен грејпфрут со возвишена фузија на јаболко, кремасти ноти на магнолија и сензуална ванила, ќе стане сила која што ве придвижува и поттикнува да уживате во магијата на секој момент.

„Viva la Vita ja одразува храброста и слободата да го правите она што ве прави среќни и да живеете за секој момент. Со комбинација на топол, цветен и овошен мирис, Viva la Vita е идеален подарок за моќни жени полни со самодоверба“ – велат од менаџерскиот тим на AVON Македонија.

Италијанците уживаат во малите работи, од вкусните залчиња, топката сладолед и чаша добро вино, до семејниот ручек и залезот на сонцето. Многумина сметаат дека токму тие ја развиле уметноста на живеењето, а благодарение на мирисот Viva la Vita тој позитивен италијански дух може да стане дел од вашето секојдневие.

2-viva-la-vita-duhot-na-italija-vo-mirislivo-shishence-kafepauza.mk

„Фокусирајте се на она што ве прави среќни. Пронајдете време за себе, своите пријатели, семејството, престанете да брзате, почнете да ги цените ситниците и пронајдете мотивација во секој нов ден, бидејќи новиот овошен мирис е ваш идеален партнер за дневна инспирација“ – порачуваат од AVON Македонија.

Со Viva la Vita секој ден ќе ви биде посебен, а сите подетални информации за производот се достапни на интернет страницата avoncosmetics.com.mk, додека порачките може да се пласираат преку најблискиот AVON Претставник. Во тековната AVON брошура, парфемот Viva la Vita е достапен по цена од 799 денари во понуда како специјален премиерен комплет заедно со лосион за тело и сјај за усни во нијанса по избор.

AVON е компанија која веќе 130 години гордо се залага за убавина, иновации, оптимизам и над сѐ – за жените. Производната палета на AVON ги содржи добро познатите и посакувани брендови како ANEW, Avon Color, Skin-So-Soft и Advance Techniques. Продаван преку скоро 6 милиони активни независни Претставници, производите на AVON ги воодушевуваат потрошувачите во скоро 70 земји во светот. Информирајте се повеќе за AVON и неговите производи на www.avoncompany.com.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар