Вип – официјален партнер на 18. издание на Скопски филмски фестивал
Докажан како поддржувач на вистинските вредности, Вип оператор е официјален партнер на осумнаесеттото издание на Скопскиот филмски фестивал, којшто годинава ќе се одржува во периодот од 17-ти до 24-ти април во Скопје.
Поврзаноста на Вип и филмската уметност е веќе препознатлива благодарение на повеќегодишната поддршка на оваа уметност. Под мотото „Влези во филм“ – креативно решение кое е специјално подготвеното од Вип за промоција на фестивалот, денеска, со големо задоволство, Вип ја објавува својата соработка за неговото годинешно издание, најавувајќи одлична програма за љубителите на филмот и филмската уметност поделена во седум категории за сечиј вкус.
Она што е новина од годинава е можноста корисниците да уживаат во најдобрите филмски програми, забавни содржини и неограничена комуникација од комфорот на нивниот дом, благодарение на конвергентната услуга Вип Комбо. Во текот на фестивалските денови, љубителите на филмот и посетители на „Скопје филм фестивал“ ќе добијат ваучери со кои имаат ексклузивна можност да добијат бесплатни пакети од ТВ програми вклучени во Вип Комбо.
„Ми претставува особено задоволство што годинава, кога фестивалот го прославува своето полнолетството, сме дел од приказната наречена ‘Скопје филм фестивал’ како негов официјален партнер. Вип е веќе добро познат и признат поддржувач на филмот, па така и овој пат, ќе дадеме сè од себе да обезбедиме уште една успешна реализација на проектот од кој придобивки имаат сите. Влезете и вие во свој филм и уживајте без ограничувања“, изјави Гернот Раш, главен маркетинг директор на Вип.
Во рамките на осумте фестивалски денови, вљубениците во филмот ќе имаат можност да проследат проекции на шеесетина филмски остварувања. Во знак на поддршка на националните вредности и творештво, годинава фестивалот ќе го отвори филмот „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков, кој по неговата светска премиера доаѓа во Македонија.
Проекциите ќе се одржуваат на добро познатите локации; во киното „Милениум“ во ГТЦ, киното „Фросина“ и во „Кинотека на Македонија“.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.